Достапни линкови

Условна потврда за прием во ЕУ


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и комесарот за проширување Оли Рен во официјални посети на Романија и на Бугарија откако денеска на овие две земји им беше дадена условна потврда на нивниот прием во Европската Унија. Конечната одлука Брисел ќе ја соопшти наесен.

Европската комисија им кажа на Бугарија и на Романија дека ќе мора да направат поголем напредок во реформите пред да можат и официјално да и се приклучат на Европската Унија на први јануари идната година. На двете земји им се дадени уште неколку месеци, до октомври годинава, за да ги исполнат барањата пред Комисијата да ја донесе конечната одлука за нивниот прием во Унијата.

„Не подоцна од почетокот на октомври ние ќе ја приспитаме ситуацијата во двете земји. Тогаш Комисијата ќе реши дали Унијата ќе може да ги прими според поланираното на први јануари идната година.“

Изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во Европскиот парламент во Стразбур. Поточно, како што додаде тој, Комисијата побара од Бугарија и од Романија поцврста акција против корупцијата и организираниот криминал. Во извештајот се оценува дека и покрај тоа што борбата против ова зло е национален приоритет, владата во Бугарија не забалежала поголеми резултати во оваа сфера. Аналитичарката Ѓерѓана Нучева од Центарот за европски политика во Брисел вели дека бугарската влада мора да покаже поголема решеност во справувањето со организираниот криминал. Сепак, таа додава:

„Немам докази за тоа дали постои поврзаност меѓу организираниот криминал и политичкиот ситем во Бугарија. Има многу новински извештаи за тоа, но ние немаме докази.“

Вели Нучева. Европската унија, од друга страна, и оддаде призание на Романија во реформите на суството. Во однос на Романија, Унијата има забелешки за четири, пред се, како што се наведува, технички сфери, меѓу другите: компјутеризација на ДДВ системот, здравата исхрана и земјоделските субвенции.
XS
SM
MD
LG