Достапни линкови

Идните оператори не очекуваат да се случи во скоро време


Уште најмалку две години ќе бидат потребни за либерализација на фиксната телефонија, влез на нови оператори и пониски цени за граѓаните од оние што ги нуди монополот на Телеком, велат од компаниите нотифицирани за учество во фиксната телефонија. Главната пречка во одолговлекувањето на процесот од Он Нет компанија која најави учество на овој пазар, ја гледаат во долготрајноста во донесувањето на подзаконските акти од страна на Агенцијата за телекомуникации. Предраг Чемерикиќ, директор на Он Нет вели:

„Државата прво треба да ги продаде акциите што ги поседува во Македонски Телекомуникации, што најави дека ќе го направи, и дури после тоа може да се очекува дека процесите ќе почнат да се одвиваат според законските рокови, бидејќи сега има конфликт на интереси. Моја проценка е сепак дека дури за две години ќе има конкуренција во фисканата телефонија.“

Наспроти ваквите забелешки на идните оператори, од Агенцијата за телекомуникации не соопштуваат временска рамка кога граѓаните можат да очекуваат пониски разговори преку влезот на новите оператори. Коста Трпковски директор на Агенцијата уверува дека на своевиден начин телекомуникацискиот пазар е либерализаран:

„Индикатори има и во некој сегмент почнуваат, но можеби некој бомбастичен настап сега за сега немаме. Еве сега секој ден има маркетиншки реклами, што значи дека секоја компанија на одреден начин нуди погодности и поефтини услуги за граѓаните.“

Главна забелешка што операторите ја упатуваат до Агенцијата се договорите за интерконекција за користење на мрежата на Македонски телекомуниции. Поради превисоките цени, на ревидирање на цената за интерконекција веќе работат странски експерти, поради што се одолговлекува постапката, велат идните оператори. Инаку досега сто компании се нотифицирале за учество на пазарот на фиксната телефонија кога тој ќе се либерализира. За тоа дали сите ги исполнуваат улсовите Трпковски изјавува:

„Ние ја регистрираме нивната желба да започнат да се занимаваат со ова, но потоа ќе следи втора процедура каде ние на лице место ќе провериме дали тие всушност го нудат она што самите го прогнозирале.“

потенцира Трпковски.
XS
SM
MD
LG