Достапни линкови

Брисел: ЕУ ќе побара од Бугарија и Романија поголем напредок во реформите


Европската комисија се очекува денеска да им каже на Бугарија и на Романија дека ќе мора да направат поголем напредок во реформите пред да можат и официјално да и се приклучат на Европската Унија на први јануари идната година. Новинските агенции јавуваат дека на двете земји ќе им бидат дадени уште неколку месеци, до септември или октомври годинава, за да ги исполнат барањата пред Комисијата да ја донесе конечната одлука за нивниот прием во Унијата. Поточно, како што се додава, Комисијата ќе побара од Бугарија поцврста акција против корупцијата и организираниот криминал, а од Романија прогрес во некои технички сфери.
XS
SM
MD
LG