Достапни линкови

logo-print

Куба: Фидел Кастро демантираше дека поседува 900 милиони долари


Кубанскиот претседател Фидел Кастро го демантираше пишувањето на американскиот весник Форбс дека поседувал деветстотини милиони долари. Тој вети дека ќе поднесе оставка доколку весникот ги докаже ваквите наводи. Кастро изјави дека немал никакво богатство и оти се што заработувал се околу четириесете долари месечна плата како шеф на државата. Кастро е на власт на Куба од илјада деветстотини пеесет и деветата година.
XS
SM
MD
LG