Достапни линкови

Јордановски бара прошка од граѓаните ако не се исполнети нивните очекувања


„Добредојдовре и повелете во вашиот дом!“

Парламентот ги отвори своите врати за граѓаните. Освен народните избраници во наредните неколку дена Собранието ќе можат да го посетат и луѓето кои ги избрале нив.
Граѓаните ја поздравија оваа манифестација. Велат убаво е да видиме како изгледа местото кадешто работат луѓето за кои коишто гласавме.

„Многу добро, народот да е поблиску до власта.“
„Ова е многу убава работа, прво да се ослободи народот.“
„Многу добро, треба да продолжи и понатаму.“


Првиот човек на Собранието Љупчо Јордановски, порача дека ваквата манифестација која годинава се одржува вторпат, ќе прерасне во традиција и изрази надеж дека во иднина Собранието ќе биде отворено за граѓаните во текот на целата година.

„Ако не сме ги исполниле вашите очекувања, тогаш барам голема прошка од вас во лично име и од име на пратениците.“

Просториите во Парламентот ги посетија ученици од неколку училишта во земјава. Срамежливо, тие признаа дека убаво се чувствиуваат во нивниот дом и дека еден ден би сакале тие да седат во собраниската сала.

„Тоа ми е животна желба.“

Дел од посетителите велат дека сакаат да поразговараат и со некои од пратениците. Има многу прашања што би ги прашале велат тие, но големата невработеност е тема за која би разговарале со нив.
„Би сакала да ги прашам што со младите дипломирани над просек, ги има многу, доктори, инженери. Што со нив? Која е акцијата?“

Манифестацијата Денови на собранието утре продолжува со седница која треба да ја одржи Младинскиот национален парламент, а предвидени се и натрпевари во сликање на ученици од основните училишта,трибини на различни теми, како и фудбалски турнир.
XS
SM
MD
LG