Достапни линкови

Брисел: Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за Иран


Министрите за надворешни работи на Европската Унија на денешниот состанок во Брисел расправаат за начините да го убедат Иран да ги почитува меѓународните барања при развојот на неговата нуклеарна програма. Пред состанокот, комесарот Хавиер Солана изјави дека Унијата е подготвена да ја прошири понудата за Иран со цел да ги одврати нуклеарните амбиции на таа земја. Солана вели дека на техеран ќе му бидат понудени економски, нуклеарни и безбедносни гаранции. Претседателот Махмуд Ахмадинеџат вчера повтори дека Иран ќе ги одбие сите странски барања за запирање на иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG