Достапни линкови

Берлин: Ал Масри ја повика Ангела Меркел да сведочи пред комисијата на европскиот парламент


Германскиот државјанин од либанско потекло Калид ал Масри кој тврди дека по грешка бил уапсен во Македонија и потоа неколку месеци бил затворен од американските служби ја повикал канцеларката Ангела Меркел да сведочи пред комисијата на европскиот парламент. Адвокатот на Масри за денешното издание на весникот Ди Велт прецизира дека Меркел треба да сведочи за нејзините разговори со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс за овој случај. Имено, Меркел по средбата со Рајс изјавила оти американската влада признала дека станува збор за грешка.
XS
SM
MD
LG