Достапни линкови

Баланс на несериозност


Во Македонија, политичките партии, непосредно и за време на изборите, во најголем дел нудат изборни програми што се нереални во економскиот дел и претставуваат празни ветувања и маркетинг, коментираат аналитичарите. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ предвидува драстично намалување на даноците и укинување на ДДВ-то кај земјоделските производи и економски раст од шест до осум насто. Тактиката, велат, е да се поедностави даночната политика, со што се очекува, приватниот сектор да отвори нови работни места. За привлекување на странски инвестиции, по примерот на Кина, ветува формирање на технолошки индустриски развојни зони. Социјал демократскиот сојуз се фали со континуиран раст на БДП просечно за честири насто. Опаѓање на невработеноста, или 25,000 невработени помалку, ниска инфлација, стабилен курс на денарот, најниски царниски стапки на репроматеријалите на земјоделското производство. Сето она што се нуди во еконосмкиот дел, најверојатно нема да се реализира:

„Поголемиот дел е маркетинг, тоа се гледа во секојдневниот живот. Не треба посебна анализа за тоа да се види,“

изјави Ибрахим Мехмети, економски аналитичар.

Некои економски аналитичари сметаат дека понудата е реална, но не веруваат дека ќе се реализира. Мора да се направи притисок од приватниот и граѓанскиот сектор да се оствари ветеното пред изборите:

„Важно е да се подобри комуникацијата помеѓу трите основни столба, приватниот, граѓанскиот и јавниот сектор. Се додека немаме учество на приватниот сектор во креирањето на економските закони, не можеме да очекуваме подобрување,“

изјави Владимир Матевски, од Сојузот на стопански комори.

Кога станува збор за официјалните политики во Македонија има апсурдна ситуација. Оние кои треба да стават акцент на социјалната држава – социјал демократите, тоа не го прават:

„Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, социјалните политики доживеаа подем, тоа е апсурдно. Во време на СДСМ доживуваше рестрикција,“

изјави Абдулменаф Беџети, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетото. Мехмети објаснува на што се должи оваа ситуација:

„Овие појави на фалење се резултат на вкупната политичка култура. Така функционира нашата јавност. Сите очекуваат да бидат излажани. Ако малку се исполни, тогаш се е добро. Тоа се однесува и на партиите на власт и опозиција. Тука имаме баланс на несериозност.“
XS
SM
MD
LG