Достапни линкови

Продлабочување на соработката за остварување на целта – членство во НАТО


Мојата земја е поддржувач на напорите на земјите од Јадранската Повелба за членство во Алијансата, но НАТО не е само воена алијанса, тоа значи и владеење на правото, а земјите кои сакаат да и се приклучат треба да придонесат кон оставрување на овие вредности, порача на денешната средба британскиот амбасадор во земјава, Роберт Черетон Диксон. Иако призна дека на самитот во Рига ќе се разговара за трансформацијата на Алијансата, тој изрази надеж дека НАТО ќе ги отвори вратите за тројката, Хрватска, Македонија и Албанија.

„Од витално значење за Македонија се парламентарните избори во јули, потребно е да се избегнат проблемите кои се случуваа на поранешните избори, зашто како земја кандидат за членство во Унијата, на Македонија ќе и се суди по европски стандарди,“

истакна Диксон.

На денешната трилатерална средба на делегациите на комисиите за надворешна политика, се обрати и председателот на собранието. Љупчо Јордановски, кој изрази надеж дека на самитот на НАТО во Рига, ќе биде валоризиран трудот од реформите што ги спроведоа трите земји.

„Нашиот партнер САД континуирано ја потврдуваше и ја потврдува својата принципиелна позиција и траен интерес за независност и интегритет на трите држави.“

Ваквата соработка и размена на мислења мегу овие три земји ја пофали и Шефицата на македонската дипломатија, Илинка Митрева.

„Досегашните резултати од таа соработка ни ја отвораат можноста успешно да лобираме и во парламентите на земјите членки на алијансата.“

Со слично мислење и претседателот на парламентарната комисија за надворешна политика, Гордан Јандроковик

„Мислам дека е особено значајно претставниците на парламентот, на лугето директно избраниод нароот да разговараат за важноста на спроведувањето на реформите.за важноста на исполнувањето на критериумите нужни за членство во ЕУ и НАТО и мислам дека ваквиот вид на соработјка е исклучително важен за трите земји.“
XS
SM
MD
LG