Достапни линкови

Вашингтон: Буш тврди дека приватноста на Американците е максимално заштитена


Американскиот претседател Џорџ Буш, во врска со аферата дека милиони телефони на Американци се прислушувани како дел од анти терористичките напори, изјави дека приватноста е максимално заштитена. Весникот Ју Ес Еј Тудеј напиша дека трите најголеми телефонски компании и ги предавале телефонските досиеа на Националната Безбедносна Агенција. Буш одби да го потврди или негира постоењето на оваа програма , што беше барано и од демократите и од републиканците.
XS
SM
MD
LG