Достапни линкови

Остра борба против оние што незаконски се богатат во земјата


Рускиот претседател Владимир Путин во денешното обраќање до нацијата најави поостра борба против оние што незаконски се богатат во земјата. Неговиот говор всушност, како што се оценува, бил логично продолжение на претходните две обраќања во рускиот парламент.

Фокусирајќи се врз домашните економски прашања, претседателот Путин го цитираше поранешниот американски претседател Френклин Рузвелт кој во времето на Големата депресија во Соединетите Држави вети дека ќе им застане на патот на сите оние што нелегално заработуваат врз грбот на обичниот руски граѓани:

„И покрај напорите што ги переземаме ние се уште не можеме да ја елиминираме една од најсериозните пречки на патот кон развојот: корупцијата. Верувам дека општествената одговорност мора да биде основа за активностите и на владините функционери и на бизнисмените.“

Изјави Путин, кој говореше и за местото на Русија во современиот свет и во односите со меѓународната заедница. Тој рече дека Русија ќе стане членка на Светската трговска организација само доколку тоа ќе биде од полза за руските економски интереси:

„Очигледно е дека нашата економија веќе е поотворена од економиите на многу земји кои се веќе членки на оваа организација.“

Оцени рускиот претседател. Инаку, според него, еден од главните приоритети на руската влада, би требало да биде намалување трендот на намалување на бројот на русите кој годишно изнесува околу седумстотини илјади. Во говорот до нацијата шефот на руската држава побара, како што рече, поразумни воени трошоци. Русија не би требало да ги повтори грешките од Советскиот Сојуз кога се трошеле големи пари за војската. Сепак, Путин е на став дека на Русија и треба силна војска не само за да се заштити од можните напади, туку и да се одбрани од политичките притисоци однадвор. Тој оцени дека било премногу рано да се каже оти трката во вооружувањето во светот е завршена. Таа трка која сега, според него, била префрлена на ново технолошко ниво се забрзувала. Рускиот претседател се изјасни против ширењето на нуклеарното оружје во светот, но сепак, без да спомнува некоја земја посебно испрати порака до Вашингтон да не презема воена акција против Иран. ,,Методите на сила не ги даваат саканите резултати и често последиците од нив се пострашни од оригиналната опасност,, изјави Путин во денешното обраќање до нацијата.
XS
SM
MD
LG