Достапни линкови

logo-print

Њујорк: ОН треба да ги избере новите членки на Советот за човекови права


Генералното собрание на Обединетите Нации денеска треба да ги избере членките на новиот Совет за човекови права. Овој Совет е замена за Комисијата која беше критикувана затоа што во неа партиципираа земји со сиромашно досие на почитувањето на човекови права. Меѓу земјите кои предложија кандидати се Иран, Ирак, Кина, Куба, Саудиска Арабија, Пакистан и Русија. Соединетите Држави не бараат членство затоа што Вашингтон се противи на формирањето на ова тело, бидејки смета оти правилата за спречување на членството на земјите со лошо досие не се доволно силни.
XS
SM
MD
LG