Достапни линкови

Љубе Бошковски најверојатно сам ќе се брани пред судот


Најновата информација што доаѓа од Хашкиот Трибунал е дека Љубе Бошковски самиот ќе се застапува пред судот. Сепак неговиот адвокат Драган Гоџо појаснува дека засега работите се комплицирани за да може точно да се каже како ќе се одвива судењето во иднина и дали тој ќе го застапува Бошковски. Заради тоа што судот го задолжи Бошковски со многу пари, тој во моментов смислува поинаков начин на одбрана, изјави адвокатот Драган Гоџо.
Трибуналот побара од Бошковски да ги покрие трошоците за судењето кои според проценките на судот изнесуваат нешто повеќе од половина милион долари. Бошковски досега немаше прецизирано дали самиот ќе се брани пред Трибуналот за да ги избегне трошоците или пак на сопствена сметка ќе ги плаќа адвокатите. Вториот човек на одбраната на Бошковски, адвокатката Едина Рашидовиќ веќе се повлече од случајот. По Слободан Милошевиќ и Воислав Шешељ, Бошковски ќе биде третиот обвинет што сам се брани пред Трибуналот.
XS
SM
MD
LG