Достапни линкови

Привилегија е да извршувате политичка функција без поголеми одговорности, велат социолозите


Се додека во државава не почнаат вистински да функционираат правните механизми што ќе ги засегнат и политичарите, се дотогаш оваа поголема група на така наречена ,,политичка елита,, постојано ќе сака да биде во политиката, во која ужива големи бенефиции, брзо се богати, без притоа да биде подложна на одговорност пред јавноста. Посочува социологот од Филозофскиот факултет проф. Илија Ацевски коментирајќи ги привилегиите на политичарите како повод за актуелното составување на кандидатските листи во партиите и ,,трката,, меѓу политичките членови да се најдат што погоре на изборната листа и да се обезбедат уште еден четири годишен мандат:

„Сеуште во Македонија, бидејќи не постои јасно регулирана правна регулатива, која налага одговорност, тоа значи не функционираат институциите на системот, во тие услови да извршувате јавна функција е привилегија затоа што добивате многу привилегии за себе. Кога би било тоа прецизирано, кога таа одговорност би била изразена во тој случај не би биле привлечни функциите кои што се денес привлечни за најголемиот дел од оваа стопанско-политичка популација што изминативе 15 години е на власт.“

Забележува професор Ацевски кој коментирајќи го феноменот на ,,брзо богатење“ додава дека јавноста е сведок на многу нерешени случаи за нелегално финансиско работење на функционири кои сеуште се без разрешница:

„Судовите да речеме не функционираат, повеќе функционира договор на врски помеѓу луѓето, сетоа тоа им дава поголема можност за манипулација, која тешко се открива и не се докажува.“

Во трката што се забрзува со доаѓањето на изборите за повторно да се освои власта или да се влезе во ,,оазата,, на бенефиции што ги нуди политиката, професорот Ферид Мухиќ го потенцира фактот на заборавање на резултатите на кои поради немањето одговорност политичарите не работат доволно:

„Мојот совет би бил, проценката на граѓанската јавност во Македонија е дека би требало и би морало многу повеќе да се фокусира на резултатите.“

Потенцира Мухиќ.
XS
SM
MD
LG