Достапни линкови

logo-print

Париз: САД, Франција и Германија повикаа на поостра дипломатска акција за Иран


Соединетите Држави, Франција и Германија повикаа на поостра дипломатска акција за запирање на иранската нуклеарна програма. Францускиот претседател Жак Ширак и германскиот канцелар Ангела Меркел во телефонски разговор се согласиле дека Советот за безбедност треба да усвои резолуција во која ќе се побара од Иран да прекине со збогатувањето ураниум. На оваа тема денеска во Њујорк ќе разговараат министрите за надворешни работи на Соединетите Држави, Велика Британија, Франција, Германија, Кина и Русија.
XS
SM
MD
LG