Достапни линкови

Техеран: Иран ќе се повлече од договорот за неширење нуклеарно оружје ако САД продолжат со притисок


Иранските власти се заканија денеска со повлекување од Договорот за неширење на атомско оружје, доколку САД продолжат со притисокот врз Техеран да прекине со својата нуклеарна програма, јавија светските агенции. Иранскиот парламент упати писмо до генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН) Кофи Анан, во кое се наведува дека таа земја ќе го повлече потписот од Договорот доколку САД продолжат со притисоците.
XS
SM
MD
LG