Достапни линкови

Тирана: Најмалку четворица војници повредени во експлозија


Најмалку четворица албански војници се повредени, а еден офицер исчезнал по вчерашната експлозија во магацините со оружје на албанската војска во близината на Тепелен, околу 200 километри јужно од Тирана. Ова денеска го соопшти главниот штаб на албанската војска, додавајќи дека пожарот што зафатил шест магацински згради се уште не е изгаснат, а жителите на околните села се евакуирани. Пожарникарите и војската настојуваат да го стават огнот под контрола бидејќи ги загрозува и другите објекти каде што се сместени гранати од голем калибар.
XS
SM
MD
LG