Достапни линкови

Дубровник: Поддршка на Дик Чејни за Јадранската група


Потпретседателот на САД Дик Чејни денеска во Дубровник се сретна со премиерите на Македонија, Албанија и на Хрватска Владо Бучковски, Сали Бериша и Иво Санадер. Тој ја изрази силната поддршка на САД за трите земји членки на Јадранската група да се придружат во евроатлантската заедница, оценувајќи дека тие постигнале голем напредок. Длабоко го цениме фактот што Македонија, Албанија и Хрватска веќе се ангажирани заедно со силите на САД и НАТО во Авганистан и Ирак, рече Чејни на денешниот состанок со премиерите на земјите членки на Јадранската група. Бучковски, Бериша и Санадер ги нагласија силните аспирации на своите земји за членство во НАТО и ја нагласија подготвеноста да ги ангажираат своите сили секаде во светот каде што се силите на НАТО и САД. Премиерите на земјите од Јадранската група истакнаа дека на самитот на НАТО во Рига очекуваат јасен сигнал за изгледите на Македонија, Албанија и на Хрватска за полноправно членство во северно атлантската алијанса.
XS
SM
MD
LG