Достапни линкови

Успешните реформи се најдобри лобисти


За Македонија е подобро групното како членството во Јадраснакта повелба, а не индивидуалното лобирање за интеграција во НАТО Алијансата, смета професорот од Правниот факултет Владо Поповски коментирајќи ја стратегијата на земјава која како член на Јадранската група во која членуваат и Хрватска и Албанија се стреми кон полноправно членство во Алијансата.
За Алијансата е битна регионалната соработка, токму во оваа насока е иницирана Јадранската Повелба меѓу трите земји кои мора покажат кооперативност, која подоцна би се имплментирала во рамките на НАТО.

„Да се подтигне едно повисоко ниво на соработка, добрососедски односи, заеднички политики во однос на економски развој, ако сакате и заеднички пракси на вежбање, на пример, на интегрално менаџирање на границите.“

Поповски додава дека тоа што е ставена во група со уште две соседни земји, не значи дека зостанувањето во спороведувањето на реформите на една може да влијае врз нато интеграциите на друга земја. Посебно, што Македонија додава професор Поповски нема голем напредок во спроведувањето на реформите во однос на другите земји не само од Јадранската група туку и од соседството.

„Мислам дека Албанија можеби само во еден аспект, може да заостанува, а ако во Македонија продолжат вака да се движат работите во економијата и политиката – ние ќе бидеме последни.“

Во оваа насока професорот од Институот за одбрембени и мировни студии Биљана Ванковска додава дека Алијансата сепак и индивидуално ги следи постигнувањата на секоја земја и спроведувањето на реформите, а не само заедничката соработка. Притоа таа ги истакнува реформите во чие спроведување Макеоднија заостанува.

„Да ги одработевме тие работи, ќе имавме посериозна позиција, и немаше да мора да лобираме сами и ќе бевме забележани и би се наметнале во однос на останатите држави,“

потеницра Проф. Ванковска.
XS
SM
MD
LG