Достапни линкови

Преговори за коалиции во македонскиот блок, во албанскиот секој сам на избори


Два месеца пред парламентарните избори во партиите се разговара за коалициски настапи, но засега никоја од нив не соопштува конкретни имиња со кои заеднички би се бореле за победа. Од владејачкиот Социјал демократски сојуз информираат дека партнерите во коалицијата За Македонија заедно остануваат здружени на претстојните избори, но не ја исклучуваат можноста за евентуални коалицирања и со помали опозициски партии.

„Се разговара и со другите политички субјекти, во интерес на нашата идна соработка не ги соопштуваме нивните имиња,“

вели Илија Иљоски, шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека во партијата веќе се прават комбинации за коалициски настап на изборите, но велат дека е рано да ги откријат имињата на партиите кои ќе им се придружат.

„Се очекува во наредниот период да продолжат разговорите и да се дојде до оптимално решение за настап на изборите,“

изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска

Од Демократската Унија за интеграција изјавија дека нема да коалицираат со друга албанска партија.

„Затоа што партиите од албанскиот блок во опозиција не се реални во своите проценки, имаат мислење дека се појаки меѓу избирачите од тоа што реално се,“

изјави Рафиз Алити од ДУИ.

Поранешните коалициски партнери ДПА И ПДП нема да се обединат на претстојните избори. И од двете партии категорично тврдат дека повеќе немаат ништо заеднчко.

„Со секого може да се коалицира, со ДПА не може. Ние понатаму не можеме да бидеме дел на криминални структури.“
„Нема потреба, јасно е дека ќе останат две партии, ДУИ и ДПА.“


изјавија Абдулади Вејсели од ПДП и Илијаз Халими од ДПА.

И од помалите партии не кријат дека размислуваат да влезат во коалиција со поголемите партии, но потенцираат дека тоа ќе го направат само доколку нивните коалициски партии имаат програма слична на нивната.

„Сеуште се во оптек различни модалитети“

изјави Лилјана Поповска од Демократската обнова за Македонија.
XS
SM
MD
LG