Достапни линкови

logo-print

Белград: Изненадување во Белград по изјавата на Бучковски за границата со Косово


Министерството за надворешни работи на Србија и Црна Гора изрази изненадување за изјавата на македонскиот премиер Владо Бучковски дека експерти од Македонија и Косово би ја потврдиле поранешната административна граница како вистинска државна граница, јавуваат белградските медиуми. Во соопштението на министерството се додава дека станува збор за меѓународно призната граница која била етаблирана во две илјади првата година со договор за границата потпишан меѓу тогашните претседатели Воислав Коштуница и Борис Трајковски.
XS
SM
MD
LG