Достапни линкови

logo-print

Вовед во поефикасно судство?


Наместо досегашните основни судови кои беа надлежни за предмети од сите области во иднина ќе има специјализирани судови

„Се формират специјализирани судски одделенија за судење дела од областа на организираниот криминал во Скопје, Битола, Струмица и Тетово. А, во Скопје 1 ќе се основа како кривичен суд, а во Скопје 2 ќе се судат граѓански предмети. А, сега се формира и дополнителен апелациски суд во Гостивар. “

изјави Убавка Матевска од министерството за правда која објаснува и зошто се воведува уште еден апелациски суд

„Според анализите во министерството за правда се очекува растеретување на апелациониот суд во Скопје.“

Претседателот на Апелацискиот суд во Скопје Вели Ведат смета дека овој суд бил и досега ажурен и оти е мал бројот на предмети од кои ке се ослободи или од околу 20 илјади предмети од скопскиот суд годишно, во надлежност на гостиварскиот ке преминат околу илјада и петстотини.

„Апелациониот суд во Скопје е ажурен суд и незавршени се околу 1,300 предмети од лани. Според математиката, сите предмети од територијата на овие судови се решени.“

Апелацискиот суд во Гостивар ке биде надлежен и за дел од предметите од битолскиот суд. Судиите не ги коментираат мислењата дека со формирањето на судот во Гостивар се прави регионализација во судството и дека целта е тој да биде надлежен за предметите на територијата каде мнозинско население она со албанско потекло.

Од опозицијата пак велат дека новиот закон за судовите е само чекор кон создавање на ефикасно и независно судство

„Овој е нешто подобар од првата фаза, иако има и маани. Добро е да се почне од некаде.“

изјави Жарко Караџоски од ВМРО Народна.
XS
SM
MD
LG