Достапни линкови

logo-print

Париз: Не е постигнат договор за иранската нуклеарна програма


Состанокот на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации, плус Германија, зврши синоќа во Париз без конкретен договор за резолуцијата за Иран. Американскиот државен потсекретар Николас Бернс дека не била постигната согласност за неопходноста за спроведување на поглавието седум од Повелбата на Светската организација со која се дозволуваат санкции во случај некоја земја да му се заканува на светкиот мир. Се дознава дека против воведувањето санкции биле Русија и Кина.
XS
SM
MD
LG