Достапни линкови

logo-print

Притисок врз Конгресот за спречување нови рестрикции за илегалните доселеници


Протестите наречени Ден без имигранти, имаа цел и да се изврши притисок врз американскиот Конгрес поради страхувањата дека би можеле да бидат воведени нови рестрикции за илегалните доселеници во Соединетите Држави.

„Сакаме амнестија. Бараме да ја валоризираат нашата работа, бидејки благодарение на латино-американците, Соединетите Држави се најмоќната држава во светот.“

Изјави еден од демонстрантите. Во Лос Анѓелес протестираа околу 400 илјади луѓе, во Чикаго над 300 илјади, а демонстрации имаше и во други американски градови, како Денвер, Хјустон, Њујорк и Сан Франциско. Демонстрантите истакнуваа дека се дојдени во Соединетите Држави да работат и оти не се ниту криминалци, ниту терористи. Сепак имаше и противници на протестот.

„Ние не го дискредитираме правото на штрајк или бојкот, но ова не е вистинско време. Нашиот нареден чекор би требало да биде политичко дејствување во Конгресот.“

Економските последици од едно-дневното отсуство од работа на поголемиот дел латино-американци, сеуште не се познати, но голем број ресторани, продавници и фирми беа затворени. Во Соединетите Држави има околу 12 милиони илегални имигранти, главно од Мексико и од другите латино-американски држави.
XS
SM
MD
LG