Достапни линкови

Боливија: Национализација на енергетскиот сектор


Боливијски војници почнаа да се распоредуваат околу наоѓалиштата на природен гас, нафтоводите и рафинериите, откако претседателот Ево Моралес нареди национализација на енергетскиот сектор во земјата. Тој се закани дека ќе ги протера странските компании од Боливија кои работат во енергетскиот сектор, доколку тие во рок од 6 месеци не и го препуштат на владата мнозинскиот пакет. Моралес изјави дека по национализација на на енергетскиот сектор, ќе следуваат слични мерки и за рудниците, шумите и другите ресурси.
XS
SM
MD
LG