Достапни линкови

Багдад: Наскоро договор за крај на насилствата во Ирак?


Ирачкиот претседател Џалал Талабани изјави дека тој и американски претставници имале средба со бунтовниците и оти верува дека наскоро би можело да биде постигнат договор со нив за крај на насилствата. Талабани прецизира дека разговарал со претставници на седум вооружени групи со цел тие да бидат вклучени во ирачкиот политички процес. Тој не ги наведе имињата на групите, но се дознава дека меѓу нив не биле оние што го поддржуваат Садам Хусеин или пак терористите на Абу Мусаб ал Заркави.
XS
SM
MD
LG