Достапни линкови

Дарфур: Бунтовниците ќе одбијат да го потпишат мировниот договор


Бунтовниците во суданската провинција Дарфур денеска соопштија дека ќе одбијат да го потпишат мировниот договор што го предложи Африканската унија. Рокот за потпишување на договорот беше продолжен за четириесет и осум часа, а главниот преговарач на Движењето за правда и еднаквост Ахмед Тугод рече дека нема да го стори тоа. Претходно суданската влада соопшти дека е подготвена да го прифати договорот. Во борбиоте меѓу овие две страни во изминативе години загинале илјадници луѓе додека над два милиона биле принудени да ги напуштат домовите.
XS
SM
MD
LG