Достапни линкови

logo-print

Брисел: Истече ултиматумот за апсење на Ратко Младиќ


Ултиматумот на Европската Унија за апсење на поранешниот српски генерал Ратко Младиќ денеска истече. Унијата се закани дека ќе ги суспендира разговорите со Белград доколку Младиќ до триесетти април не биде ипорачан на Хашкиот трибунал за воени злосторства. Еврокомесарот за проширување Оли Рен за задутре најави разговори за ова прашање со главната обвинителка на Трибуналот Карла дел Понте.
XS
SM
MD
LG