Достапни линкови

Свет: Протести и прослави за Први Мај


Стотици илјади луѓе денеска, на Први Мај, излегоа или се очекува да излезат по улиците на светските градови да протстираат или пак да го прославуваат Меѓународниот ден на трудот. Индонезиската полиција е во состојба на готовност откако илјадници луѓе протестрираат во Џакарта и во некои други градови во таа земја, барајќи владата да не го усвојува новиот закон со кој се намалуваат правата на работниците. Демонстрации имало и на Филипините, а протестни маршеви се очекуваат и во Европа и во Америка.
XS
SM
MD
LG