Достапни линкови

Дали е прифатливо химата да се пее на јазик различен од официјалниот?


Дали е прифатливо националната химна да се пее на јазик, различен од официјалниот. Ова е предмет на недоразбирања во Соединетите Држави каде што деновиве американската химна се појави на шпански јазик. Таа беше поздравена од хисшпанските имигранти, но против неа застанаа многу други, меѓу нив и претседателот Џорџ Буш.

Одата за американското знаме и песната што ги симболизира американските вредности, испеана на шпански. Нуестро химно или Нашата химна ќе им помогне на шпанските имигранти кои се уште не го знаат англискиот јазик да се запознаат со американските вредности. Тоа е идејата на човекот кој стои зад шпанската верзија на химната, британскиот музички продуцент Адам Кидрон. Но, песната предизвика голема врева. Дури и оние што се застапници на правата на имигрантите се резервирани. Педро Бијаџи, водител на едно хисшпанско радио вели:

„Направена е со многу љубов. И со многу респект.“

Но, опонентите се бесни. Еден коментатор ја нарече илегална странска химна. Марк Крикориан, шеф на Вашингтонскиот центар за имиграциски истражувања прашува: Дали французите би го прифатиле пеењето на Марсељезата на англиски како знак на француски патритизам? Ваквите прашања стигнаа и до Белата Куќа.

„Националната химна треба да се пее на англиски. И мислам луѓето кои сакаат да бидат граѓани на оваа земја би требало да научат англиски јазик. Тие треба да научат да ја пејаат националната химна на англиски.“

Изјави деновиве американскиот претседател Џорџ Буш. Објавувањето на шпанската верзија на химна дојде во периодот кога во Соединетите Држави се разгоре дебатата околу новиот закон за имигранти со кој тие, доколку не се пријавени, ќе одговораат кривично, а не како досега, прекршочно. Законот предизвика протести за заштита на единаесете милиони имигранти во земјата. Нуестро химно беше објавена токму кога се појавија и протестите.
XS
SM
MD
LG