Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Русија и Кина имаат различен став од САД и Британија за Иран


Русија и Кина имаат различен став од Соединетите Држави и Велика Британија во врска со наредните дипломатски чекори против Иран, откако Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Техеран ги игнорира барањата за запирање на збогатувањето ураниум. Соединетите Држави бараат од Советот за безбедност да донесе резолуција со можни санкции против Иран, но Русија и Кина оценија дека на тој начин нема да се реши проблемот. Иран оцени дека нема ништо негативно во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија и оти ќе продолжи со збогатувањето ураниум.
XS
SM
MD
LG