Достапни линкови

МВР им соопшти дека нема информации за вмешаност на странски служби во овој случај


И соопштивме на делегацијата на Европскиот парламент дека македонското министерство за внатрешни работи нема никакви индиции за евентуална инволвираност на американски или други странски служби во случајот Ел Масри, изјави министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски Џанго кој денеска се сретна со делегацијата од Комитетот при Европскиот парламент која го истражува нелегалното затворање и трансфер на затвореници на територијата на Европа:

„Имавме конструктивни разговори и се надевам дека од тоа што го кажавме случајот ќе се расчисти, односно ќе се симне таа ,,фама,, дека постои таков случај во кој што се инволвирани македонските безбедносни структури. Исто така кажавме дека немаме сознанија дека други странски служби се инволвирани во работењето на овој случај во Македонија. Прашањето вие за ЦИА, но ние немаме сознанија дека тие служби, конкретно американските служби, дека се вмежани во овој случај.“

изјави министерот Михајловски.
Европараламентарците кои во земјава пристигинаа вчера, остварија среби со дел од македонскиот државен врв како и со претседателот Бранко Црвенковски. Меѓу првите со делегацијата на Комитетот која го истражува случајот Ел Масри оствари средба и пратеникот и член на комисијата за надворешна политика Слободан Чашуле. Тој вели дека стратегијата на постојано демантирање од страна на надлежните служби и власти во врска со овој случај е погрешна.

„Треба да ги откриеме картите. На г-динот Ел Масри, освен што му е оспорено правото на слободно движење не му е нанесена никаква друга повреда, па според тоа не постои никаква опасност да бидеме санкционирани како држава, за злоупотреба на неговите граѓански и човекови права.“

Вели Чашуле.
Германскиот државјанин од либанско потекло Калед Ел Масри минатиот месец сведочеше пред Европарламентот изјавувајќи дека во декември 2004-та година бил киднапиран и задржан повеќе од 20 дена во еден скопски хотел, а потоа предаден на агенти на американската ЦИА кои го пренеле во Авганистан каде според неговите тврдења, бил измачуван.
XS
SM
MD
LG