Достапни линкови

Одложен најавениот протест на стечајците во Скопје


Стечајците денска го одложија најавениот протест во Скопје поради одложувањето на собраниската седница на која требаше да се разгледува предлог законот за потикнување на вработувањето кој владата им го достави на парламентарците.Претседателот на здружението Стојан Стојанов утринава од пред зградата на собранието телефонски им сопшти на стечајците од сите градови во државата кои пешки трагнаа кон Скопје да се вратат и да почекаат до петок за кога е најавена седница и нивниот проетест.

„Во петок, тоа е договорено. Договорени се автобуси и во петок сабајле од 8:30 сме пред собранието со сите наши колеги. Ако не се исполнат барањата ќе останеме веројатно и првомајските празници да ги пречекаме овде.“

Вели Стојанов кој заедно со престедтелте на локалните здруженија од вчера се во влавниот град и велат дека остануваат тука со непроменети барања

„Синоќа на клупите во Жена Парк ги поминавме, иако беше малку студено, издржавме и сакаме да истраеме во нашите барања.“

Вчера владата им го достави предлог законот за потикнување на вработувањето за кој Стојанов вели дека е неприфатлив за нив. За владата пак неприфатливо е брањето на стечајците изјави вечра портпаролот Маријан Гуровски. Во меѓувреме додека се бара решение за нивниот проблем стечајците живеат на работ на егзистенцијата.Ванче Спиров од Кратово вели дека по 26 години работен стаж во фабриката за брусеви сега е исфрлен на улица и тврди дека е многу тешко повторно да се вработи

„Па јас сум на располагање, денеска некој да ми каже да почнам, ќе почнам, ама нека кажат каде и како.“

Предлог законот со кој владата сака да го реши проблемот со стечајците предвидува финасика подршка за фирмите кои ке ги вработат.
Но, во Кратово вели Спиров е многу тешко, нема ниту една стопаснка или земјоделска гранка што функцинира и многу негови сограѓани ја делат истата судбина

„Јас ништо повеќе не барам, само барам што се труев во хемикалиите, барам пристоен живот. Ние сме жртва на транзицијата, ние што сето ова го градевме, сега тие седат внатре,“

објаснува Спиров.
XS
SM
MD
LG