Достапни линкови

Дахаб: Најмалку 23 загинаа во експлозиите на Синајскиот полуостров во Египет


Египетските власти денеска соопштија дека во синоќешните три експлозии во туристичкото место Дахаб на Синајскиот полуостров загинале најмалку дваесет и три лица. Прецизирано е дека дваесетина од нив биле египјани. Идентитетот на преостанатите тројца странски државјани не е соопштен. Во експлозијата имало имало и шеесетина повредени, многу од нив странци. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите кои веднаш беа осудени од меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG