Достапни линкови

logo-print

Жешко лето за политичарите


Ова лето ќе биде работно за политичарите. На високи температури ќе ,,водат,, изборна кампања, но велат дека тоа нема да влијае на нивниот ангажман околу изборите, а и процесите по нив. Дел од политичките претставници велат дека не им е тешко да работат преку летото и да не заминат на годишен одмор, како што додаваат поради,,доброто на Македонија,, за избор на најдобрата опција за граѓаните.

„Ако ниту една коалиција или партија нема капацитет, со коалицирање на некоја од албанските политички партии, веројатно во тој случај очекувам дека ќе може барем избраните пратеници ќе може да заминат на годишен одмор.“

„Секогаш сум се научил да се жртвувам себе си за она што е општ интерес,“


изјавуваат Роза Топузовска Каровска и Рафиз Алити од ДУИ.

За некои пак од политичарите важи девизата дека кога се сака и се има желба има време за се. Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ и Марјан Ѓорчев од Земојделската народна партија велат:

„Главниот дел од одморите доаѓа кон крајот на јули, почетокот на август, така што сигурно тогаш ќе има време за одмор.“
„Најголема тежина ќе падне врз лидерите, а за другите ќе има доволно време да си го организираат одморот.“


Ова изборно лето, политичките претставници се убедени дека нема да влијае и врз евентуалната намалена излезност кај граѓаните на гласањето на 5 јули. Не датумот, туку некои други фактори може да влијаат врз граѓаните, смета Роза Топузовска Каровска од ЛДП.

„На пример, сеуште има голем број неопределени.“

За сегашната опозиција пак, тешката економска состојба ќе ги натера граѓаните да излезат на гласање.

„Иако ќе биде летен период, на 5 јули ќе бидат по своите домови заради тешката економска сосојба.“
„Убеден сум дека незадоволството кај македонските граѓани е толку големо што нема да ги спречи и тоа што изборите се на 5 јули.“


Со распишувањето на изборите на 5 јули, според правилата во изборниот законик, изборната кампања треба да почне на 14 јуни и ќе трае 20 дена.
XS
SM
MD
LG