Достапни линкови

Вашингтон: Аудио снимката на Осама Бин Ладен е автентична


Белата Куќа соопшти дека се верува оти новата аудио снимка на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен е автентична. Портпаролот Скот Меклилан изјави дека раководството на Ал Каеда е во бегство и под силен притисок. Во аудио пораката на Бин Ладен пак се вели дека кризата во Суданскиот регион Дарфур и изолацијата на палестинската влада на Хамас се доказ дека Запад војува против Исламот. Американскиот претседател Џорџ Буш во меѓувреме им честита на ирачките лидери за договорот за формирање нова влада со што заврши долготрајната политичка криза.
XS
SM
MD
LG