Достапни линкови

Вашингтон: Иран акумулира материјал за продуцирање десет парчиња нуклеарно оружје


Американскиот потсекретар за контрола на оружјето Роберт Џозеф изјави дека тврдењата на Иран оти продуцира збогатен ураниум се вистинити и дека оваа земја веројатно акумулирала материјал доволен за 10 парчиња нуклеарно оружје. Друг американски дипломат Николас Барнс пак ја повика Русија да ја откаже планираната продажба на одбранбените воздушни ракетни системи на Иран. Русија е против воведување санкции кон Иран кој тврди дека не подготвува нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG