Достапни линкови

Само неофицијални информации за активностите на Владата


Властите во Србија и натаму не ја информираат јавноста дали и што работат за апсење на Ратко Младиќ кој е обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства. Во Србија со напнатост се очекува први мај, датум одреден како краен за исполнување на обврските на Белград спрема Трибуналот. Во меѓувреме. Пристигнуваат само неофицијални информации за апсење на поранешни припадници на војската кои помагале во криењето на Младиќ.

Десетина денови пред истекот на рокот што српскиот премиер Воислав Коштуница и го вети на хашката обвинителка Карла дел Понте, никој од владините претставници, како што пренесуваат дописниците на Радио Слободна Европа од Белград, не сака да зборува што е направено во врска со апсењето и израечувањето на Ратко Младиќ во Хаг. Се дознава дека во потрагата по него единствено биле упасени пензионираниот полковник на Војската на Србија и Црна Гора Станко Ристиќ и неговиот син Предраг. Тие биле под сомневање дека го помагале криењето на Младиќ. Во специјалното Обвинителство за воени злосторства во Белград, портпаролот Бруно Векариќ ниту ја потврди ниту ја демантира ваквата вест:

„Не знам и немам коментар. Се договоривме да не ја коментираме таа тема и да не даваме никакви изјави.“

Во Генералштабот на Војската на Србија и Црна Гора, Радио Слободна Европа дознава дека полковникот Станко Ристиќ повеќе од една година бил во пензија.

„Во овој момент не можам тоа ниту да го потврдам, ниту да го отфрлам бидејќи Станко Ристиќ не е припадник на Војската и не сме надлежни да зборуваме за него. Можам само да кажам дека пред една година тој побара прекин на службата.„

Вели портпаролот на министерството за одбрана Зоарн Пухач. Според зборовите на потпретседателот на Координативниот центар за Југот на Србија генерал Нинослав Крстиќ, сосема е извесно дека одделни делови на Војската го кријат најбараниот хашки бегалец:

„Одделни припадници на Војската, одделни припадници на некои служби стојат зад криењето на Ратко Младиќ. Сигурно е дека Војската како институција не е главното упориште. Младиќ комуницираше со многу луѓе кои и припаѓаа на Војската.“

Вели генерал Крстиќ кој на прашањето дали не се задоцни со апсењето на Младиќ наведува дека тоа требаше да се стори веднаш по паѓањето на режимот на Слободан Милошевиќ:

„Мислам дека најпогодна година за апсење беше онаа по петти октомври. Многу работи беа пропуштени да се направат во Србија поради меѓупартиските караници. Дојдовме тука каде што дојдовме. Мислам дека сето ова требаше да заврши многу порано.“

Смета генерал Крстиќ кој потсетува дека во минатата година за влез во Партнерството за мир, беше доволно Белград да го пензионира тогашниот началник на Генералштабот Небојша Павковиќ.
XS
SM
MD
LG