Достапни линкови

Москва: Русија нема да подржи акција против Иран до 28 април


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да подржи никава акција против Иран до 28-ми овој месец, кога е крајниот рок за Техеран да го запре процесот на збогатување ураниум. Египетскиот претседател Хосни Мубарак и францускиот лидер Жак Ширак оцанија дека кризата треба да се реши низ дијалог, а не со сила. Сепак, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Соединетите Држави ќе употребат политички, економски и други средства за да го спречат Иран да произведе нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG