Достапни линкови

Бишек: Киргистан е решен да го прекине договорот со САД за воените бази


Претседателот на Киргизстан Курманбек Бакиев изјави дека неговата земја останува решена да го прекине договорот со Соединетите Држави за распоредување американски војници во воздушната база Манас. Претседателот Бакиев, во денешното интервју за националната телевизија повтори дека нема да го прекине договорот само во случај Вашингтон да се согласи да плати двесте милиони годишна рента за базата што ја користи пет години како поддршка на операциите во Авганистан. Сегашната рента изнесува два милиона долари.
XS
SM
MD
LG