Достапни линкови

Утре ќе се расправа во Кабинетот на претседателот Црвенковски


Претседателот Бранко Црвенковски го добил барањето од Владата да не го потпише указот за законот за згрижување на стечајците до пензија и како што велат од неговиот кабинет во него се наведуваат сериознии аргументи кои би предизвикале крупни последици за Македонија.Одлуката дали нема да го потпише указот со што законот нема да стапи во сила Црвенковски се очекува да ја донесе утре по закажаната средба во својот кабинет со премиерот Владо Бучковски, со министерот за финасии Никола Поповски и со министерот за труд и социјала Стевче Јакимовски. Владата вчера донесе ваква одлука поради најавите од Меѓународниот монетарен фонд дека поради донесениот закон е можно прекинување на аранжманот. Претседателот на здружението на стечајци Стојан Стојанов вели дека тие се изнадени од вакавата одлука на Владата:

„Јас ги прашувам јавно сите во Владата, дали ММФ не им приговори кога бараа 100% покачување на платите, донесување на законска регулатива 35 со 40 години, дали ММФ не им приговори кога дадоа 8 милиони евра за Македонската телевизија.“

Професорот од факултетот на Југоисточна Европа Абдулменаф Беџети објаснува дека најавите за можно раскинување на аражманот со Меѓународниот монетарен фонд се реални бидејќи без разлика дали се работи за само еден закон битна е како што вели неговата тежина:

„Тоа не е зачудувачки, неможе да се каже така за еден закон. Зависи какви импликации има тој закон по однос на фискаланиот систем во Македонија.“

Но, дали 69 пратеници кои минатот четврток го изгласаа законот по предолог на ВМРО нраодна партија со кој на стечајците им се овозможува да одат во пензија со 25 години стаж не знаеја за условите од аражманот.Професорот Беџети вели:

„Сега веќе Парламентот влегува во политички игри. Тие ќе усвојат било каков закон кој дава широки колективни права, тие веќе резонираат колективистички во Собранието.“

Македонија соработува речиси една деценија со Меѓународниот монетарен фонд. Во моментов го имаме потпишано стенд бај аражманот.
XS
SM
MD
LG