Достапни линкови

Техеран: ХАМАС нема да го признае Израел


Палестинското движење ХАМАС нема да го признае Израел, без оглед на меѓународните притисоци - изјави шефот на политичкиот оддел на движењето Калед Мешел. Зборувајќи на меѓународна конференција за поддршка на Палестинците што се оддржува во Техеран, Мешел ги отфрли сите притисоци како контрапродуктивни. „Неморално е, и нечовечки е, колективно да се казнува нација која демократски го избра своето водство. Но, Палестинците нема да попуштат", додаде Мешел за иранската државна телевизија. Тој објасни дека е на разговори со иранската Влада и со други арапски земји финансиски да ја помогнат Владата на ХАМАС, која е банкрот, откако САД, ЕУ и другите меѓународни организации ги прекинаа финансиите, затоа што организацијата се уште ја сметаат за терористичка. Мешел рече дека во моментов палестинската Влада има долг од 1,7 милијарди долари и оти за нормално месечно функционирање се потребни околу 170 милиони.
XS
SM
MD
LG