Достапни линкови

logo-print

Тирана: Бериша го обвини јавниот обвинител за врски со мафијата


Албанската влада на Сали Бериша, го обвини Јавниот обвинител Теодори Солаку, за директна поврзаност со главните криминални банди во Албанија, на што доби одговор дека врши политичка пресметка. Премиерот Бериша изјави дека постојат аргументи дека Солаку е директно замешан во наведените активности, при што се спомнати бандите „Одмазда за Правдина“ и бандата на Баре, кој неодамна беше уапсен во Турција. И двете банди се вмешани во убиства, шверц со дрога, оружје, проституција и други дела Јавното обвинителство денеска остро реагираше на обвинувањата на Владата врз првиот човек на Обвинителството.
XS
SM
MD
LG