Достапни линкови

Во Хрватска паѓа поддршката за членството во НАТО


Хрватска, со Македонија и Албанија е дел од Јадранската група која се бори за прием во Нато. Меѓутоа, според Брисел, за разлика од Македонија и Албанија, проблем е слабата подршка на хрватските граѓани за членството во Алијансата. Владата во Загреб сепак не се возбудува, а аналитичарите велат тоа и во иднина ќе преставува проблем.

„Не не треба. ке не чини, а мислам дека нема да имаме непријател во следниве 30 – 50 години кој би не нападнал.“

вели еден зегребчанец, а тоа е ставот на една третина од хрватските граѓани. Втората третина е за прием во Нато, а последната третина е индиферентна кон Алијансата. Ваквиот став на хрватските граѓани плус продолжувањето на реформите во секторот на одбраната се најсериозните проблеми на патото кон НАТО членството, најверојатно во 2008 година, како што се смета во Загреб. Социологот Иван Римац вели дека слабата подршка се должи на инаку слабата подршка на меѓународните интеграции, а таа во Хрватска додатно ослабува ако се инсистира регионалниот пристап.

„Значи во оној момент кога во јавноста ќе почне да се спомнува интеграција на просторите на бивша Југославија, тогаш слабее подршката за меѓународниет интеграции. Слабата подршка за НАТО, од една стрна, е аверзија према военото опкружување по војната а од друга релативно слабата доверба кон НАТО која се разви во времето на агресијата кон Хрватска, која практично, со одлуките на меѓународната заедница, беше изолирана во судирот со Србија.“

Директорот за планирање на НАТО Џејми Ши оценува дека има три причини за залабата подршка цво Хрватска – неонформираност, неподготвеност на политичарите да се заложат за тема која има подршка од третиона од граѓаните и наследтсвото на неврзана Југославија.

„Тито, долгогодишната неврзаност, идејата на третиот пат, треба да се признае дека остави последици во јавноста. Зошто да бидеме во некој сојуз, зошто да не се вратиме во традицијата на немешање. Ако е добро тоа за Финска и Шведска зошто не би било добро и за нас.“

вели Џејми Ши директорот за планирање на НАТО. Хрватската влада пак не мисли дека во јавноста изостанува расправа за погодностите што ги носи членството во Нато. Пјер Шимунивиќ како национален координатор за НАТО вели дека има континуирани напори. НАТО како институција, во однос на другите меѓународни интегративни процеси е во потешка состојба затоа што е тешко да се дефинираат економсите бенефиции вели хрватскиот координатор за Алијансата Пјер Шимуновиќ.
XS
SM
MD
LG