Достапни линкови

Колку слоганите на партиите се решавачки за граѓаните?


Повеќето грагани на Македонија паметат дека во 1998 година гласаа за промнени, а на последните претседателски избори за државникот.Првиот слоган на власт ги донесе ВМРО ДПМНЕ, а вториот му ја обезбеди претседателската фотеља до 2009 година на Бранко Црвековски.

Професоот од катедрата за полтичките студии на правниот факулет Жидас Даскаловски вели слоганите најчесто се наменети за симпатизерите на партиите

„Тие всушност имаат најголем ефект кај гласачите што се симпатизери на некоја партија, но не се јасни дали ќе излезат на избори, и делумен ефект кај неопределените гласачи. Но, тоа е и борбата во Македонија, да се мобилизираат гласалите, без разлика дали е ДПМНЕ или СДСМ, тие да излезат на гласање и да се победи конкурентската партија,“

објаснува Даскаловски и додава дека тие на некој начин преставуваат и слика за полтичакта состојба во момнтот на одржување на изборите.

„Тие се адекватни само за партијата и моментот и изборната кампања. Дали се адекватни за програмите? Мислам дека не, всушност, нашите партии немаат некои програми соодветни со нивните идеолошки начела како имиња на партии. Имате ВМРО ДПМНЕ што промовира леви политики и СДСМ што промовира десни.“

Главните ривали од македонксиот блок на политички партии ВМРО ДМПНЕ и СДСМ со спротивен став од Даскаловски.Оливер Шамбевски од ВМРО ДПМНЕ вели дека нивните слогани кои некогаш ги осмилсуваат членовите на партијата, а за некои избори соработуваат и со маркетинг агенциите речиси секогаш ја исполниле целта и допреле до граѓаните. Тој тврди дека слоганот произлегува од нивната изборна програма

„Да бидеме попрецизни, слоганот произлегува од главната точка на фокус на партијата во предизборието и исполнувањето на тоа.“

И генералниот секретар на социјалдемократите Никола Курчиев вели дека во слоганот го содржи фокусот на програмата

„Слоганот е клучната поента на самата програма. “

Исполнето или не некои политички слогани мегу народот добија и димензии на поговорки како на пример деценија стариот - „Со чисти раце“ на либерално демократската партија на Петар Гошев.
XS
SM
MD
LG