Достапни линкови

logo-print

Токио: Пјонгјанг не сака продолжување на преговорите


Заменик шефот на севернокорејската дипломатија Ким Кие Гван денеска во Токио отфрли секаква можност за компромис за нуклеарната програма на неговата земја. ,,Одлагањето на шестпартитните разговори ќе го искористиме за да ја зацврстиме заштитата на нашата земја,, изјави тој, по вчерашниот неуспех на неформалниот состанок во Токио за тоа кога би можело да почнат преговорите за спорната севернокорејска нуклеарна програма. Пјонгјанг не сака продолжување на преговорите се додека Вашингтон не ги укине санкциите против Северна Кореа.
XS
SM
MD
LG