Достапни линкови

Граѓаните во подржуваат влезот во ЕУ, како резултат на незадоволство од состојбите, велат експертите


Граѓаните на Македонија со многу висок процент го подржуваат влезот на земјата во Европската Унија. Според анкетите на владиниот сектор за евроинтеграции спроведени во декември минатата година, на прашањето доколку следната недела се одржи референдум за пристапување кон Унијата позитивно одговориле 91,9 осто од граѓаните. Професорот од Инстутут за социолошки и политичко правни истражувања Лидија Христова вели дека високиот процент се должи на разочарувањето на македонскиот граѓанин кој е оптоварен со транзиционите проблеми веќе 15 години:

„Политичките елити очигледно не успеаа да се справат со проблемите и сега надежите се упатени кон Европската Унија. Мислам дека граѓанинот резонира отприлика на следниот начин, дека кога веќе еднаш ќе се интегрираме и ќе станеме дел од ЕУ ќе бидеме ставени во еден колосек од кој нема отстапување.“

Сето ова според Христова е показател дека народот има многу ниска доверба во власта и спротивно, многу висока доверба во Унијата. Но, се отвара прашањето дали граѓаните се информирани дека интеграцијата не преставува само услови за подобар живот туку и обврски кон Унијата:

„Не се размислува за таа страна на нештата, туку само за другата страна, односно само за добрите страни. Сеуште не сме ги отвориле оние прашања, што практично значи интеграцијата и какви обврски и задолженија во соодветни граници во стопанството и во сите сфери на живеење, тоа ќе значи.“

Професорот од Факултетот за општествени науки Димитар Мирчев се согласува дека причината за високиот процент е разочараноста на граѓаните од состојбата во која се наоѓаат. Тој додава дека дополнителен проблем на нашите граѓани е и македонскиот пасош со кој границите на повеќето светски држави му се затворени:

„Лично сметам дека доколку се приближиме кон Европската Унија, дека ќе се кренат тие бариери околу слободното движење, мислам и на работна сила и на бизнисот и на студенти, научници, професори и слично.“

Вели Мирчевски и додава дека иако меѓу политичките партии постои консензус за евроинтеграциските прашања, сепак во нивното членство постојат и спротивни мислења.
XS
SM
MD
LG