Достапни линкови

Потребно е редизајнирање, но погрешната политика не го дозволува тоа, велат експертите


Намалување на даноците од 5 отсто за Данокот на додадена вредност за репроматеријали, со конкретно ветување доколку победи на изборите излегува ВМРО ДПМНЕ, егзистенција за сите граѓани, гарантира Новата социјал- демократска партија, а и сите останати партии активни субјекти на политичката сцена, во последните истражувања најавија дека доколку победат на изборите ќе ги намалат даноците. Колку се реални ваквите ветувања и постојат ли можности за снижување на даночните стапки во државава? Тоа е демагогија, објаснува професорот Абдулменах Беџети. Тој оценува дека и покрај тоа што постои простор за одредено редизајнирање на даноците, тие нема да можат да се намалат само поради долгогодишната погрешна политика која ја води државава, со што самата си ги има ,,врзано рацете,, бидејќи со сегашното дизајнирање на структурата на јавните расходи, тие ќе нема од што да се покријат, оценува професорот Беџети:

„Бидејќи имаме дизајнирање на соодветен обем и структура и одреден квалитет на јавните расходи, од каде ќе покривате тие? Имаме фиксни позиции во буџетот кој што се за плати, фиксни одредби за набавки и функционирање на државата, за социјални трансфери итн... и сите овие мора да се сервисираат.“

Поради оваа пречка, додава професорот Беџети и Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка би биле против намалување на даноците, иако реално додава тој, тие не поставуваат такви услови:

„Тие можат да ви дозволат дури и намалување доколку вие инсталирате таков ефикасен механизам во јавната администрација за намалување на даночната евазија, меѓутоа прво треба да докажете дека тоа го правите и тие сакаат да видат продуктивитет.“

И професорот Душан Вељковиќ е на сличина линија. И тој ја нагласува можноста за предизајнирање на даночните стапки, но тој говори и за една друга димензија, а тоа е вербата во она што го ветуваат политичките партии:

„Нашето искуство зборува дека обично се покажува дека тоа се празни ветувања. Инаку, лично сметам дека постои простор за соодветно смалување на ДДВ-то и другите даноци.“

потенцира професор Вељковиќ. Според анализите, буџетот на Македонија остварува околу 70% од приходите само од висината на даночните стапки.
XS
SM
MD
LG