Достапни линкови

logo-print

Москва: Русија го повика Иран да ги прекине нуклеарните активности


Русија денеска го повика Иран да ги прекине сите активности за збогатување на ураниумот. Тоа, според руското министерство за надворешни работи, претставува чекор во погрешен правец и е во спротивност со одлуките на Меѓународната агенција за атомска енергија и на Обединетите Нации. Ваквиот повик на Москва веднаш беше отфрлен од Техеран со образложение дека веќе никој не може да ја прекине иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG