Достапни линкови

logo-print

Загаденост, раскопани улици, но и богат ноќен живот...


Скопје доби тројка од неговите граѓани за квалитетот на живеење. Со оценка од еден до пет скопјани сметаат дека ја заслужува средината. Повеќето од нив велат многу му недостига за да биде европски град:

„Ѓубриштето ми пречи, на секој ќош, ѓубре, ѓубре, ѓубре...“

„Ништо не ми се допаѓа, се е ужасно. Прљавштина, ѓубре на сите страни, посебно тука пред Собрание од каде што излегува Претседателот има огромна дупка.“

„Еве тешко се живее. Ги покачуваат цените на пазарот, затоа што доаѓа Велигден.“

„Па од 1 до 5 ако има оценка, јас би дала 3.“


Но, сепак има и места и работи кои им се допаѓаат:

„Има разонода, младите имаат каде да одат навечер.“

„Највеќе ми се допаѓа што Скопје е голем град и се можеш да купиш.“

„Водно ми се допаѓа најмногу.“


Некои пак граѓани, со критика и за социјалниот живот на градот:

„Апелирам да се прави поголема контрола на движењето на младите и престојот во тие дискотеки. Има многу галама и бучност.“

Оние кои се само гости во Скопје односно доаѓаат од внатрешноста имаат забелешки за градот како државен административен центар:

„Администрацијата од секогаш е арогантна и претерува. Пристап има само доколку имаш предвреме закажно со пријател.“

Според истражувањето на меѓународната компанија „Мерсер“ спроведено во 350 градови ширум светот, според квалитетот на живеење Скопје се наоѓа на 157 место. Оваа позиција главниот град ја добил врз основа на 39 критериуми меѓу кои покрај градските прашања се наоѓаат и политичката и безбедносната ситуација, економската состојба, медицинската снабденост и образованието. Од градовите во регионот зад Скопје на листата се наоѓаат Белград, Сарево и Тирана.
XS
SM
MD
LG